Мицковски: На секое поле сме пепел, ова системско распарчување и раскрчмување на државичево некад ќе мора да запре

Криминални набавки на јаглен преку штотуку отворени фирми.
Криминално не се плаќа струја во наводно едно општество за сите.
Децата зимово најверојатно ќе останат дома зошто нема да има за греење на училишта.

Власт испокарана до гуша со фондација го дозакопа судството и обвинителството.
Убиството на ракометарот ќе го суди политички и професионално компромитирана судијка.

Вратете го видот на која било возраст со овој метод…не се потребни операции !!!

Никаква одговорност ни за Дурмо, ни за Беса турс, ни за кабелот во Тетово.
Неделно гинат по двајца работници на терен.

За секој потрошен милион капитална инвестиција 10% одат на неоправдани трошоци.
Непотизам и партизација цутат како никогаш досега, државата губи преку пола милијарда годишно на Рамковни и фамилии на функционери и партиски лидери.

Се прогласуваат кризни состојби за да се крадат народни пари и прават набавки во 4 очи, така беше со ковидот, така и со струјата.

Нови небодери и дивоградби што кај Холидеј Ин, што кај Треска.
Индиции за криминал со огревното дрво кое уште малку ќе стане 5 илјади денари по кубик.

Дивоградби ќе никнуваат во Охрид на археолошки локалитети.
Дивоградби во Маврово и Трница со вмешани функционери и понатаму си никнуваат.
Бугарија почна да се иживува и врз македонското малцинство во Албанија.

Дечко на 25 години умира во болница поради сепса по интервенција на заб.
Да не навлагаме во поскапувања и инфлација, нови давачки и остали срања, битно на секое поле сме пепел, кучињата лаат, а караванот си врви.
Ова системско распарчување и раскрчмување на државичево некад ќе мора да запре.
(фејсбук статус на активистот Ивор Мицковски)

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа