Арсовска бесна како никогаш до сега: Заврши паразитлукот на СДСМ и ДУИ! Сите што не работат ќе си одат дома
Реформата што беше спроведена во Комунална хигиена сметам дека треба да се примени секаде, и тука не мислам само на јавните претпријатија во Град Скопје, туку во сите државни институции, рече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во емисијата „Жешко лето“ на Канал 5.
Недозволиво е некој да не доаѓа на неговото работно место, или да доаѓа и да седи осум часа, ништо да не работи, а да зима плата. При толку луѓе надвор, кои сакаат да работат, кои се заложуваат, некој да седи и ништо да не работи мислам дека е многу демотивирачки за целата јавност, особено за тие што работат со овие луѓе.
Затоа сите јавни претпријатија ги имаат овие насоки, и секој еден што нема да ги спроведе овие насоки, односно што нема да ја реформира администрацијата од овие луѓе ќе си ги понесат последиците и одговорноста од истата, рече Арсовска.