Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ истакна дека „животите на милиони луѓе се во прашање“, затоа мора да се најде компромис.

„Се разбира, би сакал да се вратиме на нашите граници од 1991 година, но неопходно е да се преговара чекор по чекор, да се бараат компромиси постепено, за да се избегне конфронтација“, рече тој.

Политичарот истакнува дека претседателот Володимир Зеленски не им доделил поголема автономија на регионите. Тој додава дека во текот на изминатите 30 години, руските туристи ги „монополизирале плажите, хотелите, туристичките агенции и целата индустрија за одмор“ во украинскиот град.

Труханов се изјасни и против отстранувањето на споменикот на царицата Катерина Втора во Одеса, велејќи дека „ова нема да ја промени историјата“.

„Јас сум против рушење на споменици. И да ги уништиме, историјата нема да се промени. Знам дека петицијата од 25.000 потписи е собрана, но чекам. По оваа логика да го тргнам и споменикот на Пушкин или на Гагарин? Нема смисла“, категоричен е тој.