СДС и ДУИ се решиле до питачки стап да го донесат народот! Граѓани реагираат на сметките од ЕВН: „Надоместокот за пренос“ е поголем од потрошената струја!

Граѓаните и по два месеца од востановувањето на новиот тарифник за пресметка на струјата и новиот изглед на сметките се збунети од ставката „надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија“ која во некои сметки зависно од тарифата е повисока од трошокот за потрошената енергија.

Вакви сметки дел од граѓаните веќе добиле во август и се плашат дека во зимските месеци кога потрошувачката на струја ќе биде драстично повисока ќе плаќаат и двојно повисоки износи за пренос во однос на она што го потрошиле, пишува Плусинфо.

– Колку и да штедиш струја, пак сметките се високи. Која и да е тарифа прва, втора, трета не можеш да кажеш дека си заштедил. Рекоа оние со прва и втора тарифа ќе плаќаат помалку, но погледнете ги сметките. Во сметката за јули овој надоместок беше пресметан за една недела и изнесуваше 310 денари, а сега во сметката добиена во август овој надоместок го надмина и износот што треба да го платам за потрошената струја. За струја ќе платам 1.290 денари, а за преносот 1.680 денари. Како се случува ова не знам. Како може овој надоместок да биде поскап од струјата. Ако сега е толку висок износот во сметката не знам во декември и во јануари кога вообичаено се троши најмногу струја колкав ќе биде износот на оваа ставка во сметката. Сѐ си мислам дека ова е еден вид грабеж. Од Регулаторна прочитав некаде велат дека ваква ставка имало и порано во сметките, ама не сме ја гледале. Е сега прашувам кога нѐ крадеа повеќе тогаш или сега – вели граѓанин кој ни ја даде на увид сметката но сакаше да остане анонимен.

И претседателот на Стопанската комора за енергетика Ѓорѓи Манасков вели дека со пресметката на таканаречената мрежарина (надоместок за дистрибуција и пренос на струја) на граѓаните само им се додава товар кој веќе државата го плаќа со субвенционирање на цената на електричната енергија.

– Се наплаќа нешто за што ЕВН нема трошок. Граѓаните трошат бенефицирана, односно субвенционирана струја за која државата ги плаќа сите трошоци. Цената на струјата што ја добива ЕВН е 45 евра за мегават, а наплаќа мрежарина од 3,3742 денари за киловат што е признаен трошок од РКЕ. Но, овој трошок тие го пресметуваат по берзанска цена, а не по субвенционираната по која ја набавуваат струјата од ЕСМ и така зааботуваат. Сега по долги години граѓаните дознаа што всушност им се наплаќало порано, а која била цената порано никој не знае. Кажавме и порано дека со новиот тарифник граѓаните ќе плаќаат двојно или со текот на времето како се наближува зимата и тројно повисоки сметки за мрежарина, отколку за потрошена струја, но никој не слуша и не го зема тоа предвид. Тоа и се потврди веќе со августовската сметка, а како ќе биде во декември кога на берзата цената на струјата ќе биде 1.500 евра?  Но сѐ произлегува од договорот со ЕВН направен од претходната гарнитура на Регулаторната комисија за енергетика кога на компанијата ѝ се дадени привилегии кои ѝ овозможуваат приход од 500 милиони евра, а со новите цени на струјата и до 1 милијарда евра – вели Манасков.

Тој смета дека треба да се замрзне заработката на ЕВН и на сите трговци со струја кои електричната енергија ја купуваат од ЕСМ.

– Профитот треба да изнесува најмногу 2 отсто, а не повеќе од 35 отсто од вредноста на набавната цена како што е сега, бидејќи тие ја добиваат струјата според повластени цени од ЕСМ, додека цената на електричната енергија на берзите сега е 750 евра за мегаватчас, а во иднина ќе достигне и до 1.500 евра – вели Манасков.

Од ЕВН појаснуваат дека надоместокот за пренос и дистрибуција претходно бил интегриран во самата цена на електрична енергија, што значи дека секогаш постоел, но не бил прикажан.

– Разликата е во тоа што со последните измени во согласност со одлуката на цената за електрична енергија на РКЕ (со важност од 01.07.2022 г.), истиот е прикажан како одвоена ставка во однос на цената за активна енергија. Надоместокот за користење на преносниот и дистрибутивниот систем се добива како производ од потрошената енергија и тарифата за пренос и дистрибуција, според Одлуката на Регулаторна комисија за енергетика за Електродистрибуција – велат од компанијата.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа