Хајредини му ја плесна во лице вистината на албанчето кое напаѓа само македонци а не смее да ги чепне челниците од ДУИ
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини му одговори на прозивката на новинарот Фуркан Салиу кој го обвини дека тој е виновен за ситуацијата во која денес се наоѓа Арачиново затоа што ништо не направил за селото кога бил на власт:
Фуркан, виновникот за состојбата во која и денес се наоѓа Арачиново, не сум јас.
Јас бев министер само две години и три и пол месеци (92 – 94), ПДП на власт седум години. Оваа навреда и гнев им ги упатив на министрите на партијата која е на власт речиси 20 години, градоначалниците на Арачиново, како и пратениците од Арачиново, напиша Хејредини.
Претходно, новинарот безобразно му порача на Хајредини да ја држи устата затворена откако овој ја критикуваше изјавата на Бектеши дека владата нашла решение за неплаќачите на струја од Арачиново.
„Во времето кога овој „господин“ ја имаше најмоќната позиција во државата, кога можеше да го крене гласот за Арачиново да се развива исто како и другите области, реши да молчи и да ги искористи придобивките што му ги дава владата, знаејќи во каква држава е тој и неговиот народ.