Сиромаштијата е грда. Особено ако немаш да му го дадеш на своето дете она што го имаат другите деца. И децата го гледаат тоа. Јасно им е и ќутат. Тоа е. Се нема. Но ако нивните другари во школо почнат да ги исмеваат поради тоа и поради она и ако тоа трае и трае, ете ти рецепт за несреќа.

Булинг или исмевање имаше и ние ко бевме деца.
Најчесто се исмевавме за физички недостатоци ако некој носи цвикери или оној со теглите на очи, ако е дебел или многу слаб, тапациран костур.
Се исмевавме со некој ако е бубалица и лигав со учителите или ако е тужибаба. Тогаш и ќутек јадеше.
Не бевме меки со таквите.
Но стварно не се сеќавам да некои не ги дружиме зашто немаат пари или немаат такви и такви патики.
Зашто сите бевме од некоја работничка класа или деца на обични чиновници. Дури ако некој нема за екскурзија, класната без тој да знае, ќе не собереш и ќе не замолеше да дадеме по 50 или 100 динари, за да може и другарчето да дојде со нас. И немаше да дознае дека ние сме му платиле. Ќе мислеше неговите му платиле.
Јас имам, ти немаш е приказна која почна од деведесетите си тера до денес.
Многу е важно јас да имам ти да немаш.
Оти тоа е условот. Некој мора да нема за да има друг кој многу има.
Сиромаштијата е грда. Особено ако немаш да му го дадеш на своето дете она што го имаат другите деца.
И децата го гледаат тоа. Јасно им е и ќутат. Тоа е. Се нема.
Но ако нивните другари во школо почнат да ги исмеваат поради тоа и поради она и ако тоа трае и трае, ете ти рецепт за несреќа.
Сите не сме исти кога ни се прави булинг. Јас да речеме можам да издржам таков притисок. Сите да, серат против мене. Ама друг не може. Докторка во Хрватска се уби по невиден булинг откако и умре пациент.
Што е со децата, ако возрасни се убиваат по булинг?
Едно дете три месеци од дома не излегуваше поради булинг на школо.
Во школото сите невини.
Велеа ама ние им укажуваме дека така не треба, не е можно така да прават.
А бе прават!
Зашто ве манипулираат, зашто по часовите се враќаат во својата орда на богати размазени деца на кои дома од мали ги учат со кого треба а со кого не треба да се дружат.
Оти не се исти таму со некој клошар или син на столар или глумец.
Не правиш милиони, кој те шиша!
Немаш порше или бмв кабриолет, немаш вредност.
Немаш 10 грама кока у тебе, не си добар за у наша екипа.
Тоа се турбо фолк вредностите со кои се хранат децата секој божји ден.
И пукаат у психата и тие и овие. И оние од многу што имаат и оние што немаат. А општеството?
Тоа си ќути. Иако сме меѓу водечките по број на самоубиства во Европа.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа