Се верува дека Хари бил во Фрогмор Котиџ кога добил повик од Чарлс да брза во Балморал
Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, беше една од ретките членови на семејството кои не отидоа во замокот Балморал откако страшната вест за здравјето на Елизабета Втора се прошири низ светот.
Штом состојбата на кралицата почнала нагло да се влошува, целото семејство, речиси во целост, заминало во Шкотска.
Најблиску до монархот што умира биле нејзините деца принцот Чарлс (сега крал Чарлс) и принцезата Ана.
И покрај заладените односи во семејството, и принцот Хари веднаш замина во Шкотска, но без сопругата Меган, која остана во Лондон. Ова веднаш стана повод за нов дел од гласини, кои наидуваат на се повеќе потврди.