„УКРАИНСКИТЕ СИЛИ СЕ ОСУМ ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД НАШИТЕ“ Руските претставници објавија: Збунети сме од ситуацијата на северот
Говорејќи за рускиот ТВ канал „Русија-24“, Виталиј Ганчев рече дека украинските сили ги вратиле населбите кои биле под руска контрола во северниот дел на регионот Харков и дека околу 5.000 цивили се евакуирани во Русија, пренесе Ројтерс.
Во меѓувреме, Кирил Стремусов, еден од проруските функционери на Херсон, во јужна Украина, град кој исто така е под руска контрола, утринава преку Телеграм објави дека се „збунети од ситуацијата на северот“ каде се пријавени руски загуби , и дека Керсон нема да падне.
– Што се однесува до ситуацијата во регионот Харков, многумина од нас се збунети од моменталната ситуација. Времето ќе стави се на свое место и сигурно ќе добиеме одговори на нашите прашања. Во градот Херсон се е мирно и нема паника – напиша Стремусов.