„ЌЕ СЕ НАПРАВИ ЗНАЧАЈ ЧЕКОР“ Ердоган рече дека Путин сака што поскоро да стави крај на војната во Украина
На прашањето до кога, според него, ќе заврши конфликтот во Украина, турскиот лидер рече дека „најпрво, ставот на Русија е многу важен“ .
– Во Узбекистан се сретнав со претседателот Путин и имавме многу значајни разговори – рече Ердоган.
Според неговите зборови, рускиот лидер „демонстрирал дека се обидува да стави крај на тоа што е можно поскоро“ .
Според Ердоган, „сега работите се одвиваат доста проблематично“ .
– Мислам дека ќе биде направен значаен исчекор – рече турскиот претседател.
Во исто време, тој нагласи дека „се обидува мирно да ја заврши оваа борба“ .
Минатиот петок претседателите на Русија и Турција зборуваа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд. Шефот на руската држава по средбата истакна дека Ердоган не му понудил да организира преговори со лидерот на Украина Володимир Зеленски и најави дека турскиот претседател дава значителен придонес за нормализирање на ситуацијата, вклучително и решавање на прашањето за извоз на храна.