Не се донесени одлуки за затворање на границите и воведување воена состојба во одредени региони на Русија. Ова на новинарите им го соопшти прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Не знам ништо за тоа. Во моментов не се донесени никакви одлуки“, рече тој, одговарајќи на прашањата дали во одредени погранични области ќе биде воведена воена состојба и дали границите таму ќе бидат затворени.

„Досега не се донесени никакви одлуки за ова прашање“, повтори Песков.

Во изјавата за новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така, призна дека некои покани биле издадени по грешка и дека грешките ќе бидат исправени.

Песков, исто така, ги советуваше луѓето да внимаваат на сите списоци што кружат на интернет.

„Мораме да бидеме многу внимателни со сите списоци. Мораме да бидеме многу внимателни. Има повеќе лажни отколку вистинити“, рече тој.