Првите делумни резултати од гласањето во четири региони на Украина окупирани од Русија покажуваат дека мнозинството жители поддржуваат приклучување кон Русија, пренесе Ројтерс, цитиран од БТА.

Гласањето се одржа во текот на пет дена во четири региони – Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон, кои сочинуваат околу 15% од територијата на Украина.

Во ЛПР, 97,79% од гласачите гласаа за приклучување кон Русија, со обработени 14,07% од протоколите.

Во ДПР 98,05% биле „за“, а обработени се 16,06% од протоколите.

Во Херсонската област, 97,47% поддржуваат приклучување кон Русија, со обработени 12% од протоколите.

Во регионот Запорожје 98% се за пристапување на Русија, 20% од протоколите се обработени.

Гласањето го отвора патот за претседателот Владимир Путин да ги анектира четирите области, по што би можел да го претстави секој обид на Украина да ги врати како напад врз самата Русија.

На 21 септември Путин рече дека е подготвен да употреби нуклеарно оружје за да го брани рускиот „територијален интегритет“. Украина, од своја страна, постојано предупредуваше дека руската анексија на дополнителни територии ќе ја уништи секоја шанса за мировни преговори.

Кремљ најави дека пристапните „референдуми“ што ќе завршат денеска во четирите украински зони под контрола на Москва ќе доведат до промени за тие територии, главно во однос на безбедноста со можна нуклеарна заштита, пренесе АФП.

„Ситуацијата радикално ќе се промени од правен аспект, од гледна точка на меѓународното право, со сите релевантни последици за целите на заштитата и гарантирањето на безбедноста на овие територии“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Нашиот правен систем ќе ги разгледа сите опции и, се разбира, нашите законодавци, нашите извршни тела и нашите правни тимови се подготвени“, додаде тој.