Амбасадата на САД во Москва ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија додека „се уште има можност“ да го сторат тоа. Ова беше објавено на веб-страницата на дипломатската мисија.

 

„Граѓаните на САД не треба да ја посетуваат Русија, а оние кои се таму или патуваат во Русија треба веднаш да ја напуштат земјата додека се уште има ограничени можности за комерцијални патувања“, соопшти амбасадата.

Оттаму изразија стравување дека руската страна може „да одбие да го признае двојното државјанство на американските граѓани, да им оневозможи на овие лица пристап до конзуларна помош од САД, да им забрани да ја напуштат Русија и да ги повика на воена служба“, пишува БГНЕС. 

Забележано е дека бројот на комерцијални летови е веќе екстремно ограничен и често не е можно да се купи билет на краток рок пред патувањето. „Крајните линии со автомобил или автобус се уште се отворени. Доколку сакате да ја напуштите Русија, треба сами да се грижите за тоа што е можно поскоро“, велат од амбасадата.