МОСКВА ЗАГУБИ УШТЕ ЕДЕН СТРАТЕШКИ ГРАД: Украинците ги опколија руските војници, олеснето е продорот во регионот Луганск

Проруските воени блогери тврдат дека украинските војници за малку ќе ги опколиле руските војници стационирани во градот Лиман во областа Доњецк, пишува The Telegraph.

Русите велат дека Украинците постигнале одреден напредок во областа северно и источно од градот. Иако ова се непотврдени тврдења, се чини дека објавите на украинските војници на социјалните мрежи го потврдија тоа.

Доколку Украинците влегоа во Лиман, ќе беа во одлична позиција подоцна да навлезат во регионот на Луганск. Тоа би го поништило сè што направија Русите во областа за време на летната фаза на војната во Украина, која неодамна влезе во седмиот месец.

Загубата на Лиман би била голем пораз за Кремљ, и воено и политички. Тоа, исто така, би било показател дека руските сили не успеаја да ја стабилизираат својата одбранбена линија откако ја изгубија контролата врз Изум и Купјанск на почетокот од овој месец.

– Украинските војници објавуваат фотографии на кои се гледа како го развиориле украинското знаме на покривот на зградата на селскиот совет во Новосиоловка. Во моментов има само едно село, Дробишево, а само неколку километри земја меѓу северниот дел на Лиман и украинските војници. Лиман е во многу ранлива позиција – се вели во соопштението објавено во средата попладне од „Воен опсервер“, руски воен канал на комуникациската платформа Телеграм.

БОНУС ВИДЕО: Руската артилерија цели на украинските позиции кај Писки

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа