– Денеска ситуацијата е навистина тешка. Голем број непријателски лидери на соседните земји веќе, за жал, отворено ги дефинираа своите цели што сакаат да ги постигнат, работејќи против нашата земја. Не можеме само да го оставиме така, без внимание. Ќе реагираме брзо, точно и адекватно на настанатата ситуација, на сите тие закани што може да се појават. Имаме сили и средства за тоа – рече министерот.
Прикривајќи ги своите намери со имагинарна закана од Исток, земјите на НАТО и западните земји во соседството на Белорусија не само што милитаризираат, туку се подготвуваат за војна, изјави Хренин.
– Ја подготвуваат својата инфраструктура, ги подготвуваат своите војници. Имаме конкретни податоци. Постојано ја следиме ситуацијата, гледаме што прават. Врз основа на тоа, развиваме конкретни и соодветни мерки за одговор – додаде тој.
Претходно претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Полска ги зајакнува своите воени сили во близина на белоруските граници, а Литванија се труди да не заостане.