Претходно, претседателот на Украина Володимир Зеленски потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за неможноста да се водат преговори со рускиот претседател Владимир Путин .
– Па, што да кажеме сега? Сега или ќе чекаме актуелниот претседател да ја смени својата позиција или ќе го чекаме идниот претседател на Украина, кој ќе ги смени ставовите во интерес на украинскиот народ – рече Песков, коментирајќи ја оваа одлука на украинскиот претседател.
„За преговорите се потребни две страни “, рече Песков со омаловажување, одговарајќи на прашањето дали специјалната воена операција може да заврши со усвојување на одреден документ без учество на Киев.