Градот е „сериозен логистички центар“ со уникатни одбранбени системи, има и наоѓалишта на сол и гипс
Сопственикот на руската приватна воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин објасни зошто сака контрола врз украинскиот град Бахмут.
Според него, Бахмут и блискиот Соледар кријат „подземни градови“ од рударски галерии, во кои можат да се сокријат не само големи групи војници, туку и тенкови и други оклопни возила.
Ова ги прави „сериозен логистички центар“ со уникатни одбранбени системи.
Битките за Бахмут започнаа во август минатата година, а платениците од „Вагнер“ се во авангардата на руските трупи. Се претпоставува дека илјадници загинале, информира БНР.
Официјален претставник на Белата куќа оваа недела изјави дека, според Вашингтон, Пригожин навистина ги сака рудниците Бахмут, но не за воени цели, туку за комерцијални цели за наоѓалиштата на сол и гипс.