Бројот на потврдени случаи на заразени со XBB.1.5 варијантата на „Омикрон“ се зголемува ширум светот, особено во Европа и Северна Америка.

Податоците од Центрите за контрола и превенција на болести на САД покажуваат дека до 31 декември 2022 година, 40% од заразените со СОВИД-19 имале варијанта XBB.1.5. Во североисточните држави тие се 75%.

Според Британското биро за статистика, во неделата до 28 декември 2022 година, речиси 3 милиони луѓе во земјата биле заразени со варијантата XBB.1.5. Локалните виролози предупредуваат дека е многу заразна и се појавува таму каде што населението веќе има имунитет, особено во Европа и Северна Америка.