РУСИТЕ ЈА ПРЕЗЕДИЈА КОНТРОЛАТА НА СЕЛОТО БАХМУЦКО: Важно стратешко место конечно е во рацете на Москва, Зеленски испрати засилување

Руската армија
Населбата Бахмутско се наоѓа јужно од Соледар

Руските сили ја презедоа контролата врз населбата Бахмутско во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), соопшти денеска штабот на Територијалната одбрана на ДНР.    

– Од 9 јануари 2023 година Бахмутско е под контрола на руските сили во Доњецката Народна Република – се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.  

Селото Бахмутско се наоѓа јужно од Соледар , во близина на градот Артјомовск , кој во Украина се нарекува Бахмут.    

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека украинската армија ги одбива руските напади во градот Бахмут во источниот дел на регионот Донбас и ги задржува своите позиции во блискиот град Соледар, но во „многу тешки услови“ . Тој најави дека во тек се подготовки за трансфер на дополнителни сили од командата на вооружените сили на Украина под Соледар и Бахмут.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа