Амбасадорот на Украина во ОК, Вадим Пристаико, ги призна значителните загуби на Украина во конфликтот со Русија.

„Ние губиме луѓе насекаде. Не објавуваме колку од загинатите се воени или цивилни, но можете да замислите дека бројките се огромни и неприфатливи. А градовите, некои од нив целосно уништени“, рече тој во интервју за американскиот магазин Newsweek.

 

Пристаико рече и дека Западот има „уникатна шанса“ со помош на Украина конечно да се справи со Русија.

„Сега Западот има единствена шанса. Нема многу нации во светот кои би си дозволиле да жртвуваат толку многу животи, територии и децениски развој за да го победат заколнатиот непријател“, изјави украинскиот дипломат, цитиран од странските медиуми.