ДОАЃА ТИМ ОД ЕУ ЗА ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА ВО МАКЕДОНИЈА, МЕРКО НЕМАЛ ВРЕМЕ ИНАКУ ЌЕ ГИ ИСТЕПАЛ СИТЕ КУЧИЊА САМ
Премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на РЕК Битола, одговарајќи на новинарско прашање во врска со проблемот со кучињата-скитници, рече дека и покрај тоа што станува збор за ингеренција на локалните власти, Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар кој ќе биде дом за тие кучиња.
Ковачевски нагласи дека проблемот со бездомните кучиња е голем и оти секојдневно сме сведоци на напади врз граѓани.
Потенцирајќи дека тоа е исклучителна надлежност на општините, пртседателот на Владата посочи дека не станува збор за тоа дали градоначалниците имаат моќ или не, туку за тоа дали имаат фокус, посветеност и волја да се справат со проблемите.
– Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД програмите, доколку може да се направи некој модел на одреден стационар којшто ќе може да биде некаков државен проек, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем. Бидејќи се работи за навистина голем проблем, а гледам дека градоначалниците воопшто не се занимаваат со него – нагласи Ковачевски.
Ковачевски: Му благодарам на Мицкоски за довербата
Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш рече дека предвремени парламентарни избори нема да има, туку дека изборите ќе се одржат во 2024 година.
Според Ковачевски, комплимент е тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара избори во мај, односно напролет, зашто тоа е показател дека Владата ефикасно се справува со енергетската криза која завршува на 30 април.
– Мицкоски по не знам кој пат поставува барање за предвремени избори. Јас имам многу јасен став кој не го менувам секоја недела како него, дека избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин зашто имаме економска и енергетска криза. Воедно, скрининг процесот е почнат и е во тек, а и земјава е претседавач со ОБСЕ. Сигурно тоа нема да го прекинуваме за да му удоволуваме на Мицкоски и на неговите партиски желби. Избори ќе има во 2024 година. На парламентарните избори ќе победат СДСМ и коалициските партнери, а на претседателските кандидатот што тие ќе го предложат. Тоа што Мицкоски бара избори во мај е комполимент за Владата, смета дека Владата одлично се справува и со економската и со енергетската криза која завршува на 30 април. Можам само да му се заблагодарам за довербата дека добро се справуваме со кризата – истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на РЕК Битола.