55 ГОДИШНА СКОПЈАНКА СЕ ЗАФРКАВАЛА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ СО МВР СО ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ

Полициски службеници денес привеле 55-годишна скопјанка.

– На 12.01.2023 од полициски службеници приведена е А.К.(55) од Скопје, поради основано сомнение дека на 11.01.2023 од мобилен телефон се јавила телефонски во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и лажно пријавила дека се поставени експлозивни направи во училишта во Скопје. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена, информира МВР.

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа