НОВА МЕГА НУКЛЕАРКА НА ГЕРОСКИ ЗА ПУЧОТ НА ЗАЕВ ВО СДСМ! ДЕН ПО СТОРИЈАТА МУ СЕ ЈАВИЛ АМЕРИКАНЕЦ ОД ВАШИНГТОН НА ТАЧЕ ЗА ДА ГО ПРЕДУПРЕДИ ДА ВНИМАВА СО ЗАЕВ….
Пеколниот план на поранешниот премиер Зоран Заев за брзи предвремени избори, за победничка коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што ќе владее во следните 8 години и за елиминација на Али Ахмети и на Стево Пендаровски од политиката веќе е пропаднат. Заев наскоро ќе мора да се помири со тоа и да си легне на брашното, дознава Плусинфо.
Добро упатени извори информираат за настаните што се одиграле откако нашиот портал на 30 и 31 декември ексклузивно обелодени што се случувало на состанокот во седиштето на СДСМ на 21 декември, на кој Зоран Заев и Венко Филипче дошле со намера да се пресметаат со лидерот Димитар Ковачевски, а си заминале со течење од ногавици.
Хелоу, иц ми… Важен повик од Вашингтон за Заев и за Ковачевски
По една куртоазна средба со американската амбасадорка Анџела Агелер, прв се огласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој потврди дека не присуствувал на средбата на Бихаќка на 21 декември, токму како што објави Плусинфо. Се огласи и влијателниот министер за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој исто така не присуствувал на неформалната средба. Дознаваме дека пред да се огласи и јасно да се определи за поддршка за Ковачевски, министерот Маричиќ исто така имал важна средба со еден влијателен западен амбасадор во Скопје, кој му ги дообјаснил приоритетите на европската агенда во Македонија.
Но, овие изјави кусо ќе ги прокоментираме малку подоцна. Пред тоа, да ја соопштиме најважната вест.
Плусинфо од сигурен извор дознава дека веднаш по обзнанувањето на скандалозниот план на Струмичанецот, висок функционер од Вашингтон им се јавил и на премиерот Димитар Ковачевски и на Зоран Заев и ја потврдил недвосмислената поддршка на САД за актуелната влада на СДСМ и на ДУИ. Но, според нашиот извор, човекот од Вашингтон на Ковачевски му рекол дека проценката е дека слаткоречивиот Заев сепак нема да се смири и дека ќе се труди по секоја цена да оствари превласт во СДСМ.
После оваа комуникација, Заев на Фејсбук се огласи со пост во кој изјави дека нема да се кандидира за претседател на државата и дека нема да прави пуч во СДСМ. Тој во постот не демантираше дека имало средба на потесното партиско раководство на 21 декември, на која тој, како што обзнани Плусинфо, презентирал план во 7 точки, кој предвидува брзи предвремени избори, поделба на извршната власт во наредните 8 години меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и елиминација на ДУИ на Ахмети и на претседателот Пендаровски.
Пренесувајќи ја оваа изјава на Заев, авторот на овој текст на социјалната мрежа Фејсбук му постави неколку прашања, кои, како што слушаме, предизвикале дополнителни недоумици и во Струмица, но и во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се тие прашања:
- Дали се одржал состанокот на потесното раководство на СДСМ на 21 декември, на кој, освен тој, Зоран Заев и Венко Филипче, присуствувале лидерот Димитар Ковачевски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, Радмила Шеќеринска и уште неколку други членови на партискиот врв? Го демантира ли Заев овој настан?
- Дали на тој состанок Зоран Заев изнел план во 7 точки, опишани во текстот на „суетниот Геровски“, кого го спомнува во својот т.н. „демант“?
- Демантира ли Заев дека во етно-туристичкиот комплекс Бела Вода во близината на Берово тој и Филипче се состанале со двајца претставници на македонска опозициска партија (нивните имиња засега ќе ги задржиме во тајност)? Дал на тој состанок Заев го презентирал својот план? Ја демантира ли Заев оваа средба? Дали можеби имало повеќе од една средба во истиот состав?
текстот во целост на Плус Инфо