СЕ РЕНОВИРА РОДНАТА КУЌА НА ХИТЛЕР Во неа ќе се смести полиција

Реконструкцијата се очекува да заврши во 2025 година, за што ќе видат вложени 20 милиони евра.

Куќата во која се родил Адолф Хитлер во градот Браунау на Ин на австриско-германската граница се пренаменува и ќе и биде предадена на полицијата.

Австриската влада ја презеде зградата од нејзиниот претходен сопственик по долг спор околу нејзината идна употреба, а многумина се прашуваат како да се справат со митот или дали митот што сè уште се поврзува со Хитлер може да се урне иако се напушти идејата за буквално уривање на куќата.

Специјална комисија предложи архитектонски промени за да биде речиси непрепознатлива и со тоа помалку привлечна за неонацистите кои прават аџилак на локацијата.

Реконструкцијата се очекува да заврши во 2025 година, за што ќе видат вложени 20 милиони евра.

Зградата во која се роди нацистичкиот диктатор и ги помина првите месеци од својот живот е празна откако здружението за лица со интелектуална попреченост се исели во 2011 година.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа