Можеби од СДСМ се исплашени до коска од Каракачанов и Џамбаски, ама овој стар социјалдемократ не ги штедеше зборовите! ОД МАКЕДОНЕЦ НЕ БИДУВА БУГАРИН, СРБИН ИЛИ ГРК Максо до Џамбаски и до Костадинов

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски по повод вчерашните изјави на двајцата европратеници од БНД соседна Бугарија Џамбаски и Костадинов потенцираше дека еден ден ќе разберат дека Македонија била, е и ќе биде Македонска, а од Македонец Бугарин не бидува, ниту Србин, а најмалку Грк

„По повод вчерашните олигофренски изјави на двајцата европратеници од БНД соседна Бугарија сакам да ги поздравам нив двајцата, а и останатите нивни истомисленици со една песна од прекрасна Тракија. Веројатно еден ден ќе разберете дека Македонија била е и ќе биде Македонска а од Македонец Бугарин не бидува, ниту Србин а најмалку пак Грк. Во Бугарија се среќаваме и дружиме со луѓе кои се искрени наши пријатели, ја почитуваат Македонија во целост и нејзината посебност и не се оптovareni со шовинистички ставови на поединци кои немаат сила во бугарското општество да освојат гласови ниту за едно пратеничко место во парламентот. Една порака и до власта – Вашиот молк е повеќе и од срам! Во било која демократска држава за вакви навреди се одговара за уривање на уставниот поредок и поттикнување на национална нетрпеливост. Не ни очекувам повеќе од вас, поради тоа набргу ќе бидете сменети. Слава и на македонката Бунева!“ истакна Димитриевски во статус на Фејсбук.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа