ПАТНИК ВО НЕПАЛСКИ АВИОН ЈА СНИМИ СОПСТВЕНАТА СМРТ: Индиец ги снимил последните моменти од летот пред падот (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
Во падот на патнички авион со 72 лица денеска во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат за исчезнати, соопштија вечерва официјални лица со што заврши потрагата по исчезнатите.
Авион ATR72 на Jeti Airlines се урна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара.
Еден од патниците ги снимил последните моменти пред несреќата, а ова видео се прошири на социјалните мрежи.
Според тврдењата на социјалните мрежи, се работи за патник од Индија, кој со своите пријатели патувал на параглајдерство.
Тоа беше најсмртоносната воздушна несреќа во Непал од 1992 година, кога Ербас А300 на пакистанската авиокомпанија се урна во рид на пристапот кон Катманду, при што загинаа сите 167 луѓе во него.