Се спрема ли овој за војна? Ахмети: Македонците ме иритираат кои со говор на омраза зборуваат против Албанците, и ги навредуваат Груби и Османи

Прочитај за: < 1 минутаНе сум ги обвинил телевизиите Алфа и Телма, туку сум иритиран од тоа што го слушам од сограѓаните Македонци, кои со говор на омраза зборуваат против Албанците, односно велат дека Албанците ќе ја преземат државата, дека Македонија станува Албанија, а слушам и навреди упатени до Артан Груби и до Бујар Османи, изјави вечерва претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Ахмети вчера ги прозва двете телевизии, нарекувајќи ги „непријатели на Албанците“, а на негова линија остана и премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска, запрашан за изјавата на коалицискиот партнер, исто така издвојуваше медиуми и ги коментираше нивните уредувачки политики, нарекувајќи го тоа „лично мислење за тоа како одредени медиуми за однесуваат“.

– Оваа земја е наша заедничка. Мора заедно да ја изградиме. Мора заедно да одиме напред. Заедно мораме да придонесеме за членство во ЕУ – рече вечерва Ахмети во вечерашната емисија „Клан дебата” на Телевизија Клан.

Новинарските здруженија денеска остро реагираа на ваквите наводи на Ахмети и на Ковачевски, а како што потенцираат, со етикетирање на медиумите се загрозува безбедноста на новинарите и се поттикнува цензура.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа