Катедралата Света Марија во Њукасл во Велика Британија стана „смеа“ откако се проширија наводите дека имало оргија во становите на свештениците за време на пандемијата, пишува британски „Метро“.

Римокатоличката црква ги разгледува наводите како дел од истрагата по оставката на поранешниот бискуп Роберт Бирн во декември.

Во писмото што го виде „Сандеј тајмс“, надбискупот на Ливерпул, кој ја води истрагата, рече дека советниците на папата побарале од него да подготви „темелен извештај за настаните што доведоа до оставка на бискупот Бирн“.

Извор од црквата рече: „Многу поплаки беа поднесени од луѓе во епархијата откако се појавија извештаи за секс забава што се одржувала во станбените простории на свештениците во катедралата во Њукасл“.

Во меѓувреме, друго лице од епархијата нагласи: „Катедралата стана предмет за потсмев“. Апстиненцијата е закон во Католичката црква повеќе од 1.000 години.