Борисов се сретна со мајката на претепаниот Пендиков: „Ќе бараме осуда на европско ниво, ќе го видите нашиот гнев“

twitter sharing button
viber sharing button

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов, лично ќе го запознае претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер со претепаниот македонски Бугарин Христијан Пендиков во Охрид, јави репортер на БГНЕС.

Борисов се сретна со мајката на Пендиков во седиштето на ГЕРБ. Тој истакна дека оваа средба треба да послужи како јасна порака до македонските власти.

– Ја осудуваме агресијата врз Христијан Пендиков. Ќе разговарам со лидерот на ЕПП Манфред Вебер. Ќе бараме тепањето против него да биде осудено на европско ниво – рече Борисов.

Тој ги повика македонските власти – премиерот, министрите за внатрешни и надворешни работи – да направат сè за да ги уапсат и казнат одговорните за тепањето. Само така РСМ ќе докаже дека е правна држава, нагласи Борисов.

Тој потсети дека Бугарија најмногу ѝ помогнала на Македонија, но во Скопје треба да внимаваат „да не ги налутат Бугарите“.

– Најлошото нешто на Балканот е што Бугарите се лутат. Направивме сè за PCM. Тие секогаш ја имаа нашата целосна поддршка. Затоа ги повикувам, уште еднаш велам – осудете ги напаѓачите – рече Борисов.

Лидерот на ГЕРБ изјави дека таквите дејствија, како што е овој напад и непостапувањето да се казни, се неприфатливи.

– Нашиот гнев не е безопасен. Нашата наклонетост и љубов кон вас е огромна како земја, но и нашиот гнев е тежок. РСМ ќе го доживее доколку властите брзо не си ја завршат работата и не ги казнат виновниците – порача Борисов.

Мајката на Христијан, Габриела Димкова се заблагодари на бугарската држава, на лекарите и на поддршката од Борисов за сè. Таа посака никогаш повеќе да не се случат вакви инциденти во Македонија.

– Секој треба да има право да ја изрази својата етничка припадност – рече Габриела Димкова.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа