Премиерот Димитар Ковачевски му прочита дефиниција за параноја на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска во Собранието. Тоа дојде како одговор на прашањето на Апасиев дали агенцијата АНБ го користи контроверзниот софтвер „Пегасус“. Софтверот „Пегасус“ е во центарот на голем скандал во ЕУ, каде во 14 земји-членки се прислушувале мобилни и лаптопи на новинари, судии и обвинители.
Откако премиерот му порача дека „паранојa е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност“ на Апасиев и дека „изнесувањето лажни обвинувања и општата недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата“, Апасиев одговори:
– Премиере, Ви благодарам на дијагнозата. Епиктет (антички филозоф) во еден свој прирачник вели: „Кога за Вас кажуваат лоши работи, немојте да се обидувате да се браните туку речете им на вашите непријатели дека само толку знаете, па уште кога ќе дознаете уште повеќе кај ќе ви биде крајот.
Премиерот возврати читајќи повеќе од дефиницијата за параноја според Википедија.
– Како тогаш нѐ прислушувате, со кои софтвери, преку кои структури, преку комбиња ли, како?
Ковачевски реплицираше:
– АНБ не користи „Пегасус спај веар“ софтвер. За целата работа на АНБ како пратеник, можете да се информирате преку комисијата за надзор на безбедносните служби која ја води пратеник од опозицијата и ги има на располагање сите директори на безбедносните служби – изјави премиерот, а после тоа повтори дел од