НАТО е подготвен да се бори против Русија доколку избие директен конфликт, изјави Роб Бауер, претседател на Воениот комитет на алијансата.
Во интервју за португалската телевизија РТП, на прашањето дали воениот блок предводен од САД е подготвен за конфронтација со Русија, Бауер недвосмислено изјави: „Ние сме“.
Официјалниот претставник истакна дека кога избувнаа непријателствата во Украина во февруари 2022 година, НАТО веќе имаше неколку борбени групи долж своето источно крило. Бауер рече дека за време на самитот во Мадрид во јуни 2022 година, лидерите на алијансата одлучиле да создадат уште четири борбени групи во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија.
Мислам дека тоа е важна порака за Русите, дека нашиот став е променет, да им покажеме дека сме подготвени доколку имаат идеја да го нападнат НАТО.