ЕВЕ КОЛКУ ЃОКОВИЌ ЈА ПЛАТИ ДОКТОР МАРИЈАНА ДА БИДЕ СО НЕГО: Милиони, но сето тоа вредеше! ПОВЕЌЕ ОД ЗАСЛУЖЕНО
Докторката Маријана Ковачевиќ одигра клучна улога во опоравувањето на Новак Ѓоковиќ за Австралија Опен.
Без неа, шансите Новак да продолжи со учеството на турнирот се речиси минимални.
Веќе пишувавме за тоа како мистериозниот доктор веднаш се согласил да оди во Мелбурн и да му помогне на Новак. За парите воопшто не се разговараше на почетокот, ниту пак беа важна ставка во целата ситуација.
Сепак, како што дознаваме, целиот трошок на Ѓоковиќ за пристигнувањето на Маријана, вклучувајќи ги сите билети, сместување, документи и трошоци за терапија, ќе изнесува повеќе од 50.000 евра (околу шест милиони динари).
Не е исклучено „наградата“ да биде побогата, со оглед на крајниот резултат кој беше повеќе од фанатичен.
Инаку, кога станува збор за редовно лекување кај д-р Маријана (10 терапии), според нашите информации цената е околу 5.000 евра .