Жежов: Евентуалното внесување на Бугарите во македонскиот Устав ќе отвори институционализирана форма за натамошно делување на бугарската пропаганда во Македонија и за „освестување“ на нови Бугари, затоа што знаеме дека тоа е инструмент на бугарската пропаганда за делување во Македонија

Проф. Жежов: Македонците и Бугарите не треба заеднички да го чествуваат Гоце Делчев

-Како одговор на ова прашање веднаш ќе ја потенцирам најавената декларација на бугарското собрание, што веројатно ќе се изгласа овие днови. Таму, во точка 7 мислам дека стои, каде што вели, парафразирано, никој не може да се занимава со бугарската историја и минато во Република Македонија, затоа што од страна на бугарската држава ќе биде третирано како антибугарска кампања и антидржавна реторика. Погледнете го тој член 7 и ќе видите до каде со оваа втора декларација за кратко време оди Бугарија. Ќе ни биде забрането да зборуваме на македонски историски теми оти тие ќе бидат третирани како дел од бугарското историско минато.Зошто го потенцирам ова! Да е некоја природна ситуација како во некоја западноевропска држава, прашањето за вметнување на некоја помала етничка задница во уставот ќе биде бенигно прашање. Меѓутоа, каде се наоѓа замката овде! Мислам дека таа замка му е јасна и на послдниот неверен Тома во Македонија, затоа што евентуалното внесување на Бугарите во македонскиот Устав ќе отвори институционализирана форма за натамошно делување на бугарската пропаганда во Македонија и за „освестување“ на нови Бугари, затоа што знаеме дека тоа е инструмент на бугарската пропаганда за делување во Македонија.

Поаѓајќи од овие соананија, што ги имам и кои се мој личен став и не мора секој да се согласи со него, сметам дека Бугарите не треба да се внесат во Уставот на Република Македонија. Затоа што ситуацијата е и така комплицирана и тешка кога се во прашање македонско-бугарските односи и веројатно ќе се вратиме на точката или на степенот како од времето на Информбирото во 1948 година, кога била укината културната автономија на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија заради судирот на тогашна советска Русија со Југославија и каде македонското прашање било колатерална штета. Истото веројатно би ни се случило и сега.

Мислам дека ако се продолжи во вакво темпо да им се наштетува на македонските национални интереси, не само што нема да се подобрат македонско-бугарските односи, туку за жал тие во иднина уште повеќе ќе се влошуваат. Да ве потсетем дека 2023 година е јубилејна за многу историски настани. Оваа година треба да прославиме 120 години од Илинденското востание, дали мислите дека ќе нема бугарски провокации од одредени политички фактори? Сигурен сум дека ќе ги има. Оваа година на 4 мај навршуваат 120 години од убиството на Гоце Делчев, еве повторно датум каде што можат да ни с случат вакви немили настани и тензии, кои што само ќ го оддалчуваат македонскиот и бугарскиот народ уште повеќе, не по нивна вина, туку по вина на агресивната бугарска политика кон Македонија и македонското прашање, вели проф. Жежов.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа