Жежов емотивно: На 4 ти февруари македонците гордо да го прослават Делчев, со договорите со Грција и Бугарија ја загубивме битката ама војната ќе ја продолжат нашите внуци додека не се реши македонското прашање во наша полза

-Поаѓајќи од тоа, јас ги повикувам сите Македонци, кои што тој ден ќе тргнат да го чествуваат роденденот на Гоце Делчев, тоа да го направат со дигнитет и со една гордост и да не подлегнуваат на било какви провокации, дециден е проф.Жежов.

Проф. Жежов ни даде и објаснување на неговиот став изнесен во поледниот негов телевизиски настап дека оваа генерација Македонци ја изгуби битката, но не и војната.

-Тоа го кажав како еден вид на симболика, меѓутоа таквите мои ставови се должат на фактот дека навистина сега Република Македонија се наоѓа во една дефанзивна состојба. Претрпевме повеќе неуспеси со склучените договори со Република Бугарија и Република Грција и оттаму беше тоа мое изразување дека битката е изгубена, но условно кажано дека „војната“ ќе продолжи. Македонското прашање секогаш било еден вид Гордиев јазол на Балканот. Неговото решение, колку и да се обидува некој да биде во негова полза, ако не се постави на принципиелни позиции, тогаш ќе имаме се уште голем број на енигмни, кои ќе продолжат и во иднина да го тангираат и да го одредуваат степенот и развојот на Република Македонија и македонското прашање. Оттаму, таа битка, битката на нашата генерација, ќе се префрли на идните наши генерации, на нашите деца и внуци, кои сигурно ќе знаат како ќе треба да постапат во настаните кои што доаѓаат, вели тој.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа