Жежов: Цел живот Делчев го посветил на македонскиот идеал и нема никакви допирни точки со бугарската историја, не треба да има заедничко славење ниту заедничка историја кога Делчев е во прашање

Универзитетскиот професор по историја, д-р Никола Жежов, е дециден дека не треба заеднички со Бугарија да се слави македонскиот револуционер Гоце Делчав.

„Моите истражувања низ архивите, прочитаната обемна литература, необјавени и објавни извори, укажуваат на тоа дека револуционерната дејност на Гоце Делчев нема никакви допирни точки со бугарската историја, освен само понекогаш неговото физичко присуство во Софија и во некои помали градови во Бугарија“, вели професорот Жежов во интервју за Република.

Вратете го видот на која било возраст со овој метод…не се потребни операции !!!

Целиот живот на Делчев – вели Жежов – целата негова револуционерна дејност е посветена на еден негов идеал, а тоа е ослободувањето на Македонија од отоманска власт и создавањето на автономна македонска држава како степен до доаѓање на назависност на Македонија.

„Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја.

Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја.

Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја.

И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа