На социјалните мрежи кружи шокантен исечок од репортажа на бугарската БТВ од Бигорскиот манастир во која говори еден од монасите.
Според монахот до 45-та година не постоеле Македонци туку сите биле Бугари.
Монахот отворено говори против македонизмот и античката македонска историја.
-Еден млад човек што расте со една таква со години градена идеологија таканаречен македонизам и сега одеднаш тие митови за античка Македонија за некоја супер нација се рушат и сега тој отвора книгите и таму гледа се. До 45-та се знае Блгари, Блгари, Благри сите. Наедна во него се создава како еден вид страв. Си вика леле ако сега го признаеме ова ќе се стопиме ќе не нема. А не треба да го имаме тој страв сега денес кога не можеме да ја негираме македонската нација или македонската држава или македонскиот јазик, вели тамошниот монах.