(ФОТО) ПРОТЕЧЕ ДЕКУМЕНТ ОД ШТИПСКИ АРХИВ! ГОЦЕ НИКОГАШ НЕ БИЛ БУГАРСКИ УЧИТЕЛ…..

Најчестите бугарски пропагандни лаги и манипулации за и околу Гоце Делчев
Да видиме како Бугарите лажат и манипулираат со школувањето и со учителствувањето на Делчев. Во што се состои манипулацијата?
Лага бр. 1 – Гоце Делчев бил учител по бугарски јазик.
Во Музејот на град Штип и во архивите се чуваат 2 или 3 свидетелства од штипското егзархиско училиште, коишто Бугарите ги објавуваат и преобјавуваат, во смалена, бледа верзија, допишуваат „дообјаснување“ и така ги прикажуваат како „доказ“ дека Гоце бил учител по бугарски јазик. Ако ги погледнеме поподробно, самите документи го кажуваат спротивното.
Гоце Делчев предавал историја, географија, геометрија и француски, но НЕ и бугарски јазик и литература. Факт!
Кога на Бугарите ќе им биде посочен овој факт, којшто тие божем не го знаат, за да го пренасочат вниманието од фактот дека се фатени живи во лага, веднаш преминуваат на друга манипулација. Тие cera велат – бил учител во бугарско училиште, односно бил „бугарски учител“.
Лага бр. 2 – „бугарски учител“.
Под турско ропство, Османлиите никогаш не ги признале Македонците како посебен ентитет. Следствено, македонски училишта не биле дозволени. Тој факт го искористиле Бугарите, чијшто милет бил признат во 1870 г., па ја искористиле можноста да отвораат бугарски училишта во Македонија.
Така се произведуваат „Бугари“. Тие бугаристички егзархиски училишта биле фабрика, пералница за мозоци. Бугарската пропаганда за перење мозок целела кон најмалите, кај нив тоа најлесно поминува.
Гоце Делчев и неговите истомисленици имале историска задача – да ги заштитат малите Македончиња од бугаристичката пропаганда. Се школувале и потоа се вработувале во бугарски училишта, за нивното место да не го заземат вистински бугаромани. Така, како резултат на сето тоа, главниот идеал на наредните генерации македонски револуционери бил – Независна Македонија, Македонија на Македонците!
Ваквите наши македонски учени и учители се најзаслуж
ни за развојот на свеста на Македонците за својата посебност и обособеност – историска, географска, етничка и национална.
Лага бр. 3 – Гоце Делчев бил „бугарски офицер“.
Тоа никогаш не се случило. Во 1894 г., неколку месеци пред Делчев да биде произведен за офицер, тој бил исклучен од софиската Воена aкадемија. Што се случило?
Софиското Воено министерство заради заштеда на финансии, решило да го одложи прогласувањето за неколку месеци, по што пристигнале 2 анонимни жестоки и остри протестни писма. Неколку другари на Гоце (пpeтeжнo Makeдoнци) биле притворени, и Гоце изразил јавен, гласен протест поради тоа. (Димитар Димески: „Јубилејно издание 100 години од смртта на Гоце Делчев (1903-2003)“, Матица македонска, Институт за историја, Филозофски факултет, Скопје, 2003).
Набргу, притворените биле исклучени од Академијата, а со нив и Гоце, поради неговиот протест, но и поради тоа што „е социјалист, и врши таква пропаганда“, како што стои во официјалното обpазложение на Министерството.
Гоце Делчев решил да го стекне своето воено образование во Бугарското Кнежевство, поради тоа што во Отоманското Царство, Во Македонија под турско ропство, немал такви можности.
Кога Македонците немале своја национална држава, ниту пак свој, македонски национален училиштен систем, тие се школувале во други држави. На пр., сличен е и случајот со Бугарите Васил Кунчевиќ Левски, Христо Ботев, Сава Попович Раковски и др., коишто биле српски питомци.
Heштo oколу изворите – овие настани за првпат се опишани во првата биографија за Гоце, објавена во 1904, една година по неговата смрт, а напишана од неговиот близок соборец и пријател Пејо Јаворов. А, историчарот и делчеволог Димитар Димески го опишува сето тоа многу поподробно, повикувајќи се и на официјалниот извештај на Военото министерство и др. оригинални документи.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа