Голем пожар избувна во фабрика во САД за производство на дронови за Украина ВИДЕО

Edge Autonomy е еден од водечките производители на дронови, со седиште во Калифорнија и поврзан со Министерството за одбрана на САД

Во градот Марупе во Латвија (предградие на Рига) избувна пожар во фабриката за дронови на компанијата „Еџ автономи“. Беспилотните летала произведени таму се префрлени во Украина.

 

Пожарот избувнал околу 15:00 часот денеска, 7 февруари, а според заменик директорот на компанијата, Јанис Вилманис, предизвикал голема материјална штета.

 

На местото на настанот се испратени 50 пожарникари, девет цистерни, како и спасувачка екипа од аеродромот во Рига со единствениот танкер во Летонија со капацитет од 35 тони вода.

 

 

Надлежните бараат од населението да не се приближува, да остане во своите домови и да ги затвори прозорците за да не се труе од штетни материи. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот, но тој екстремно брзо се шири.

 

 

Edge Autonomy е еден од водечките производители на беспилотни летала, седиштето на компанијата е во Калифорнија и е поврзано со Министерството за одбрана на САД и со голем број други американски агенции, објавија светските медиуми.

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа