ФОТОГРАФИЈАТА ОБЕЛЕШЕ НИЗ СВЕТОТ: Натоварил се што можел на стар автомобил, па отишол да и помогне на Турција, поради овој гест сите останале без зборови (ФОТО)
На социјалните мрежи се шири трогателна фотографија од Азербејџанец кој го натовари својот стар дотраен автомобил со работи и тргна да и помогне на разурнатата Турција од земјотресот.
Повеќе од 17.000 луѓе ги загубија животите во разорните земјотреси . Бројките се уште растат, а хуманитарната криза се повеќе ескалира. Првата земја која и пријде на помош на Турција е Азербејџан од каде тргнаа спасувачките екипи, а луѓето се организираа и почнаа да испраќаат помош.
Од трошна куќа до опустошена Турција
Еден од нив е серверот Беширли, кој со својот брат го наполнил својот стар автомобил со работи и тргнал за Турција од неговата трошна куќа во Баку .
– И ние ја доживеавме оваа катастрофа. Имаше жени без облека и обувки. И ние го доживеавме тој период, го знаеме тоа чувство. Не помагавме само ние, туку помагаат и другите Азербејџанци, дури и оние што живеат во други земји. Бев сведок на ситуација кога една девојка дојде, го соблече палтото и го даде во добротворни цели, рече тој, пренесува Index.hr .
Симбол на солидарност
Неговиот благороден чин трогна многу луѓе, особено откако ги дозна условите во кои и самиот живее, а многумина коментираа дека секогаш најмногу му даваат поддршка на оние кои имаат најмалку.
Фотографијата стана симбол на солидарност и заедништво , а само на Твитер е прегледана три милиони пати и споделена речиси 2.000 пати, со што е соборен рекордот за споделување на социјалните мрежи.