И Хрватска се потресе
Епицентарот на земјотресот е на 16 километри југозападно од градот Кутина
Хрватската сеизмолошка служба денеска соопшти дека попладнево во 16:11 часот е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Кутина, Централна Хрватска, јави Хина.
Епицентарот на земјотресот е на 16 километри југозападно од градот Кутина, во областа Лонско Поле.
Ударот не предизвика никаква штета.