ТАРАВАРИ ДОБРО Е ДА СЕ РАЗМИСЛИ ЗА РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА АКО УГАРИТЕ НЕ ВЛЕЗАТ ВО УСТАВОТ

Доколку биде загрозена европската перспектива може да пораснат фрустрациите кај Албанците и може да се појават нови идеи за реорганизација на државата, вели лидерот на Алијанса за Албанците образложувајќи го моментот зошто тој преговарал за влез на партијата во Владата. Неговата изјава за „нови идеи“ може да се доведе во контекст на некои стари пораки од претставници на македонските Албанци давани не само пред 2001 година, туку и во времето по осамостојувањето на Македонија, кога постоеше обид за формирање на паравојска.

 

Таравари во интервју за ТВ Шења и Зум.мк вели дека ако дојде до радикализација и се појават таквите идеи за реорганизација на државата, дека „ќе влеземе во маѓепсан круг од кон нема излез“.

 

Ваквата порака на Тараавари всушност е формулирана во рамки на извесна полемика која преку ингтервјуто лидерот на АА ја насочува кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како доскорешен опозициски соработник, па му вели да се повлече од „натпреварот со Левица“.

Според Таравари, треба да се има предвид влијанието на Русија поа затоа не го разбира негативниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон уставните измени кога, како пто оценува, режимот на Путин на секој начин се обидува да предизвикува конфликти во Балканот со цел да го дефокусира Западот од војната во Украина.

„Не ми е јасно, го прават тоа намерно или се наивни. Република Српска бара одвојување од Босна, Вучиќ бара заедница на српски општини во Косово, а во Црна гора има малцинска влада. Не знам зошто се натпреваруваат со Левица, кој ќе има поекстремни реторика предизвикувајќи крајна поларизација невидена досега. Изгледа ВМРО-ДПМНЕ повеќе калкулира со зголемување на рејтингот отколку што мисли за доброто на граѓаните и земјата “, вели Таравари.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа