Луѓето во областите погодени од земјотресот бараат итна помош, велејќи дека гласовите на преживеаните сè уште се слушаат од уништените згради
Двомесечно бебе е спасено живо 128 часа по разорните земјотреси во јужна Турција, јави ДПА, повикувајќи се на Anadolu Agency. Детето е извлечено од урнатините на уништената зграда во Искендерун и пренесено во болница.
Според експертите, критичниот прозорец за спасување на преживеаните е 72 часа, но и покрај тоа спасувачите успеале да извлечат живи луѓе од урнатините и денеска, на 6-ти ден по земјотресите, пренесува БТА.
На социјалните мрежи и на телевизија, луѓето во областите погодени од земјотресот повикаа итна помош, тврдејќи дека гласовите на преживеаните се уште се слушаат од уништените згради.