2 ЦА МАКЕДОНЦИ ЛЕТААТ ОД ВЛАДА ЗА ДА СЕ ВДОМАТ КАДРИТЕ НА ТАРАВАРИ! КОВАЧЕВСКИ ГО ПРЕДЛОЖИ НОВИОТ СОСТАВ НА ВЛАДАТА Кој си оди, а кој ќе седне во министерска фотелја?

Кренар Лога е предложен за министер за правда,за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, е предложен Фатмир Меџити,  за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу, а Каја Шукова е предложена за министерка за животна средина и просторно планирање.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата, соопшти прес службата на владата.

Како што е соопштено Ковачевски ги доставил и кадровските решенија за министерски и заменик-министерски места.

Кренар Лога е предложен за министер за правда, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, е предложен Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу, а Каја Шукова е предложена за министерка за животна средина и просторно планирање.

 

На заменичките министерски места според предлогот на премиерот, треба да седнат Тирон Јајага во Министерството за одбрана, Викторија Аврамовска-Мадиќ во Министерството за правда, Вјолца Бериша во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Маја Манолева во Министерството за здравство и Агим Нихиу во Министерството за образование и наука.

 

Сегашните министерски фотелји ги напуштаат: Никола Тупанчевски од правда, Беким Салих од здравсртво, Адмирим Алити од информатичко општество и Насер Нуредини од животна средина. Ќе заминат и замениците: Башким Хасани од одбрана, Агим Нухиу од правда, Абдулшуќур Абедини од земјоделие, Владимир Рендевски од здравство и Лулзим Алиу од Министерството за образование.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа