Господ е голем – Видео кое ќе ви ги насолзи очите: По 149 часа извлечен маж со епилепсија од под урнатините

Господ е голем – Видео кое ќе ви насолзи очите: По 149 часа извлечен маж со епилепсија од под урнатините

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА КРАЈОТ ОД ТЕКСТОТ.

 

Мустафа (35) беше спасен во Хатај откако помина 149 часа под урнатините по земјотресот во Турција.

 

Турските медиуми јавуваат за уште едно чудо на седмиот ден од потрагата по преживеани во Турција. По 149 часа под урнатините, извлечен е маж со епилепсија.

Откако бил извлечен на безбедно, бил пренесен во болница.

Спасувачките тимови потоа прославиле спасување на уште еден живот гушкајќи се еден со друг.

Медиумите потсетуваат дека седуммесечно бебе беше спасено во турската провинција Хатај, 140 часа по силниот земјотрес што ги погоди таа земја и Сирија.

Како што јавува „Anadolu Agency“, една бремена жена и нејзиниот брат биле спасени во провинцијата Хатај, откако биле заробени во урнатините цели 140 часа.

Во провинцијата Кахраманмарас, 26-годишен маж е спасен од урнатините на единаесеткатна зграда.

Повеќе од 28.000 луѓе загинаа во земјотресот во Турција и Сирија, додека десетици илјади луѓе беа повредени.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа