МАТЕЈ ГЕРОВ: НЕ СУМ СРБИН, НИ БУГАРИН, ТУКУ МАКЕДОНЕЦ – 1904г.

МАТЕЈ ГЕРОВ: НЕ СУМ СРБИН, НИ БУГАРИН, ТУКУ МАКЕДОНЕЦ – 1904г.
МАТЕЈ ГЕРОВ: НЕ СУМ СРБИН, НИ БУГАРИН, ТУКУ МАКЕДОНЕЦ – 1904г.
Познато е дека големо-српските шовинисти не ги признавале Македонците како посебен народ, и сите кои се самоопределуваат како Македонци, ги нарекувале „бугараши” или „бугаризирани Срби”. Ист е случајот и со бугарските наци-шовинисти до денес – сите Македонци што се самоопределуваат како Македонци по нација, бугаристите ги нарекуваат „србомани”.
И бугарските и српските шовинисти се во заблуда, и со ова всушност ги потврдуваат постоењето и посебноста на Македонците. И неретко индиректно го признаваат тоа.
Така, во оваа статија, српскиот весник „Маќедонија“ пренесува дека Матеј Геров рекол оти не е ниту Србин, ни Бугарин, туку Македонец.
ИЗВОР: „Маћедонија, Орган Старо-Србијанаца и Маћедонаца”, „Ђеров-ић, побугарени Србин, обилази истину.”, Београд, 01. 02. 1904, бр. 5, стр. 1.
Меѓутоа, тука се работи за контроверзна личност од македонската историја. И тоа ја убива во корен тогашната и денешна бугарска анти-македонска пропаганда која се фокусира на јавни изјаснувања наспроти делата и постапките на одредените личности. На оваа тема ќе има и посебна објава. Следете нѐ.
Да го проследиме животописот.
Матеј Геров е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Женевската група, па Врховниот македонски комитет и на Македонската револуционерна организација. Роден е во Тетово на 14 октомври 1871 година. Ја завршил Солунската машка гимназија во 1891, а во 1895 г. дипломирал на Медицина на Универзитетот во Лозана, Швајцарија, со бугарска стипендија.
Во 1896 се населил во Стара Загора. Во 1899 г. бил главен уредник на „Отбрана“ – весник „со антисемитски и ставови против безбожноста и социјализмот“, како што е оценет во Бугарија. Во весникот пишува под псевдонимот „јеромонах Урош“ и претседава со тамошното македонско друштво. Пишува и во „Реформи“, „Татковина“, „Вечерна пошта“, „Дневник“, „Народни права“ и други гласила.
Истата 1899 година се запишал на Правниот факултет во Софија, во отоманското кнежество Бугарија, но во 1903 г. се пријавил за последниот семестар на Правниот факултет во Белград, Србија.
Како член на ВМРО од крилото на „сарафисти“, бил испратен да го подготви пречекот на Борис Сарафов во српската престолнина за разговорите со српските државници и новинари во ноември 1903 г.
Следната, 1904 година ја напуштил Србија. Подоцна учествувал во формирањето на про-бугарската, про-егзархистичка партија Сојуз на бугарските конституциони клубови во 1908 година, како претставник на Тетово. И, како новинар, наполно ѝ се предал на бугарската политика во Македонија.
Но, во Србија, ја поддржувал македонската национална програма на Македонскиот клуб и на весникот „Балкански гласник“ и, како што гледаме, за печатот изјавувал дека „не е ни Србин, ни Бугарин“, туку Македонец.
Како академски граѓанин, Геров е обвинет за фалсификување два докторати – по медицина и право.
Во Белград, како „сарафист“, но и „врховист“, ја добива и улогата на посредник меѓу Борис Сарафов и српскиот дипломат Светислав Симиќ.
Геров во Србија успеал да добие поголема сума пари, но Србите дознале дека се обидува да ги измами, се обиделе да го уапсат истата 1904 година, но Геров успеал да побегне во Земун – тогаш во Австро-Унгарија. Сепак, другиот член на неговата мисија – Григор Соколов(-иќ) прешол на српска страна и стана еден од главните дејци на српската вооружена пропаганда во Македонија. На подоцнежните прекори во врска со оваа мисија, Борис Сарафов изјавил: „Сѐ додека Македонија го минува мостот на слободата, јас ќе го користам пријателството на ѓаволот“.
Во 1907 г. Матеј Геров како уредник на весникот „Балканска трибина“ е уапсен за соучесништво во убиството на бугарскиот премиер Димитар Петков, но подоцна е ослободен. При почетокот на Првата балканска војна во 1912 г., бил доброволец во Македонско-одринското ополчение. Аѓутант е во 14-то водостопанство. Добитник е на Орден за храброст IV степен и Сребрен крст на Свети Александар.
Наредните години, во Цариград, заедно со Наум Туфекчиев почнал бизнис со оружје, коешто му донело приход и многу пари.
Матеј Геров загинал на 18 август 1918, прегазен од автомобил на булеварот „Цар Освободител“ во Софија. —/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа