НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА НА НЕБОТО НАД ЕВРОПА: Објект влегол во атмосферата на Земјата, а она што го снимила камерата ги остави луѓето во страв ВИДЕО

НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА НА НЕБОТО НАД ЕВРОПА: Објект влегол во атмосферата на Земјата, а она што го снимила камерата ги остави луѓето во страв ВИДЕО

 

Метеороид од еден метар кој беше откриен доцна синоќа ја погоди атмосферата на Земјата над северна Франција, а видео од оваа фасцинантна глетка кружи на социјалните мрежи .

 

Ударот се случи вечерва околу 16 часот по наше време.

Метеороидот 2023 CKS1, порано познат како Sar2667, се распадна над Ла Манш во близина на Нормандија.

 

Откриен е, седум часа пред ударот, од унгарскиот астроном Кристијан Шарнецки, во станицата Пишкештето на опсерваторијата Конколи на планините Матра, во Унгарија.

Метеороидот за прв пат беше забележан на 12 февруари во 21 часот по локално време кога беше оддалечен од Земјата околу 233.000 километри.

„Еве што прави метеор од само еден метар на небото? Леле, неверојатно!“ гласеше еден од коментарите на воодушевените корисници.

„Што не е во ред со небото?“, праша еден корисник.

Да потсетиме, на 15 февруари 2013 година, астероид со дијаметар од околу 20 метри влезе во атмосферата на Земјата.

Се движел со брзина од 19 километри во секунда кога експлодирал, на само околу 30 километри над градот Челјабинск во Русија.

Експлозијата имала 20 до 30 пати повеќе енергија од атомската бомба фрлена врз Хирошима. Овој регион се наоѓа на околу 1.500 километри источно од Москва.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа