Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала го погоди хрватскиот град Бања околу 16:20 часот по локално време. Информацијата ја објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. 

 

Ова доаѓа откако силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во романскиот историски западен дел на Влашка, Олтенија, округот Горц, во 16:58:06 часот (локално време).

 

Земјотресот се случил на 102 километри јужно од Сибиу и 107 километри северозападно од Крајова. Се почувствува и во Србија, во Белград и во Варшац. 

Длабочината на земјотресот е 10 километри.