САД го соборија четвртиот летечки објект над езерото Хјурон, во близина на канадско-американската граница, потврди Пентагон.

 

Други локации во Алјаска и Канада беа претходно погодени бидејќи летаа на височина што претставуваше закана за патничките авиони. Американските и канадските власти привремено ограничија дел од воздушниот простор над езерото.

 

 

 

Претходно, канадските власти известија за соборување на сомнителен објект над Јукон, трет по ред во северноамериканскиот воздушен простор во рок од една недела.

Канадскиот премиер Џастин Трудо наредил да се соберат и анализираат остатоците. Серијата започна со соборување на кинески балон над САД.