ПУКАЊЕ во КЕНТАКИ: Маж од Флорида пукаше во хотел и уби жена затоа што не добил запалка за да запали пура

ПУКАЊЕ во КЕНТАКИ: Маж од Флорида пукаше во хотел и уби жена затоа што не добил запалка за да запали пура

Маж од Флорида по име Роберт Панел е обвинет за убиство на хотелски службеник во западен Кентаки, откако физички нападнал две лица затоа што одбиле да му дадат запалка, соопштија денеска американските власти.

 

Панел (55) е обвинет за убиство, физички напад и други злосторства надвор и внатре во хотелот Бест Вестерн во Падука, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот МекКрекен.

Полицијата интервенирала откако неколку лица пријавиле дека маж пука во хотелот, во близина на меѓудржавниот автопат.

 

На катот на хотелот била пронајдена мртва жена со прострелни рани, а потоа полицијата го уапсила осомничениот на паркингот.

 

Истрагата утврдила дека Панел престојувал во хотел, а физички нападнал пар на паркинг бидејќи не сакале да му дадат запалка да запали цигара. Тој потоа влетал во хотелот замавнувајќи со пиштол, ја застрелал жртвата и го фрлил пиштолот во лобито на хотелот.

Неколку луѓе биле во близина кога се пукало, а името на жртвата не е објавено од причини за приватност, се вели во соопштението на канцеларијата на шерифот.

Мотивот за злосторството не е утврден, но истрагата продолжила.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа