Во израелскиот парламент избија скандали. Тројца народни претставници беа исклучени од седницата при бучна расправија за контроверзен закон. Тензијата ја поттикна идејата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да ги зголеми своите овластувања на сметка на Врховниот суд.

 

Израелскиот претседател Исак Херцог рече дека предлогот на Нетанјаху „ќе ја испрати земјата во уставен колапс“.

 

Веќе неколку викенди десетици илјади протестираат на улиците против зголемувањето на правата на премиерот. Тензијата се зголемува со фактот што предлогот доаѓа од Нетанјаху. Тој се уште е под истрага за корупција, иако тој постојано ги негираше обвиненијата.