МАКСО: КОГА НИЕ СЕ БОРЕВМЕ ПРОТИВ ГРУЕВСКИ ТАЧЕ УЖИВАШЕ КАКО ДИРЕКТОР

Кумановскиот градоначалник Димитриевски, веќе втор мандат е на чело на втората по големина општина во Македонија, откако на последните локални избори во Куманово ја победи матичната партија СДСМ, па почна локална соработка со ВМРО. Во интервју за „Фокус“,  тој зборува за разидувањето со СДСМ, за неговото граѓанско движење „За наша Македонија“, а се осврнува и на односите со Бугарија. Како што вели, владата на Заев станала софистицирана варијанта на режимот на Груевски

разговараше: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ФОКУС: Премиерот Ковачевски е Ваш сограѓанин. Каква комуникација имате со него? Го познавате ли лично?

ДИМИТРИЕВСКИ: Да, се познавам лично со г-динот Димитар Ковачевски. Во минатото комунициравме како сограѓани, а не како сопартијци. Да потсетам, г-динот Ковачевски, во режимот на Груевски беше на менаџерската позиција во македонски „Телеком“ и уживаше во благодатите на таа позиција и во друштвото на многу тогашни функционери од власта блиски до ВМРО ДПМНЕ. Тогаш тој немаше време за политички ангажман во СДСМ, кога беше најтешко.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа